Потешко повреден работник на изградба на објект во Аеродром

Фото: Архија/ Слободен печат

Еден работник бил потешко повреден додека работел на изградба на објект во општина Аеродром. Со случајот бил запознаен и трудовиот инспекторат.

– На 02 јули во 09.03 часот во СВР Скопје, К.Д. пријавила дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза” бил донесен повреден С.М. (26) од село Ранковце, кривопаланечко, кој се повредил на работно место на објект во изградба на ул.„Милан Зечар” во општина Аеродром, при што од лекар му била констатирана тешка телесна повреда, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и со случајот бил запознаен и Државниот инспекторат за труд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот