ПОТЕГ НА ДЕНОТ: Македонецот е хит во Англија! (ВИДЕО)

фото: твитер

Лидс јунајтед е никогаш поблиску до враќање во Премиер лигата, особено после вчерашната убедлива победа над Фулам со резултат 3:0.

Стрелец на вториот гол за клубот од „Иланд роуд“ беше македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски кој го запиша петтиот погодок сезонава во Чемпионшип.

Нашиот интернационалец се погрижи после натпреварот повеќе зборува за неговиот аплауз кон картонските навивачи од самиот реализиран гол.

По последниот судиски свиреж, 28-годишниот играч Џани одлучи да им аплаудира на картонските кутии (околу 15.000) со лица на навивачи на трибините.

Мораме да заборавиме со колку бодови водиме на врвот, мораме да одиме натпревар по натпревар. Имаме уште седум мечеви до крајот на сезоната и на сите сакаме да победиме. Ние сме Лидс, играме дома и ни недостасуваат навивачите да ни ја дадат потребната поддршка и моравме да ја најдеме нашата мотивација од самите нас и успеавме. Убаво е да се видат сликите и секако кога реализираш гол, сакаш да прославиш со фановите, особено на „Иланд роуд“ и се обидов. Можеби ме видоа на ТВ и секогаш ќе славам со нив како да се тука на трибините – рече Алиоски.

Моментно на табелата составот на Биелса е на врвот со 74 бодови после 39 кола, три повеќе од второпласираниот Вест Бромвич, а осум од Брентфорд на третата позиција.

Во следното коло Лидс ќе се соочи против Лутон на домашен терен на 30 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот