Постојано се апелирало до надлежните за опасностите во пристанишното складиште во Бејрут: Објавените документи ја потврдија вината на либанските власти

Бејрут, Либан / 4 август 2020 / Фото: EPA-EFE / NABIL MOUNZER

Повеќе од десет пати во изминатите шест години надлежните од либанската царина, војска, безбедносна агенција судски официјални лица предупредувале на опасност од складиштето со огромна количина на експлозивна и опасна хемикалија на пристаништето без никакво обезбедување во срцето на Бејрут.

Обелоденети досега непознати документи, врз основа на кои може да се заклучи дека надлежните органи во земјава не сториле ништо и дека предупредувањата минале низ круг на неодговорност и минимизирање на опасноста, што предизвикало експлозија на 2.750 тони амониум нитрат.

Претседателот на Либан, Мишел Аун, кој е на власт од 2016 година, рече дека тој за прв пат бил информиран за опасното складирање на амониум нитрат пред три недели и дека веднаш им наредил на армијата и безбедносните структури да направат „сè што е потребно“, но дека неговите одговорноста завршува тука бидејќи не постои надлежност над пристаништето во Бејрут, а претходната администрација беше свесна за проблемот.

Досега се уапсени 16 вработени во пристаништето во Бејрут, а неколку други лица биле сослушани од истражните органи, но многу либански граѓани тврдат дека одговорноста за овој трагичен настан се протега на врвот на државната влада.

Во експлозијата загинаа 154 лица, повредени се повеќе од 5.000, а штетата се проценува на милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот