Последна понуда на Барселона за Нејмар

Францускиот шампион ПСЖ засега успешно ги одбива налетите на Барселона но и на Реал Мадрид за трансфер на Нејмар.

„Светците“ вчера ги одбија и двете понуди од шпанските гиганти, а денеска Барселона упати нова понуда која според радиото RAC1 е последна за евентуалниот трансфер на Нејмар што би значело враќање на Бразилецот на „Камп Ноу“.

Шпанскиот шампион е подготвен покрај одредена сума на пари во Париз да ги прати уште и Фелипе Кутињо, десниот бек Нелсон Семедо и младиот Жан-Клер Тодибо.

Во Барселона се надеваат дека со оваа понуда ќе успеат да го омекнат ставот на челниците на ПСЖ бидејќи Семедо и Тодибо се желби на тренерот Томас Тухел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот