ПСЖ ги одби понудите од шпанските гиганти за Нејмар – Слободен печат
СпортФудбал

ПСЖ ги одби понудите од шпанските гиганти за Нејмар

Според Би-Би-Си, францускиот шампион нема намера евтино да го даде Бразилецот.

Францускиот шампион ПСЖ ги одби последните понуди на Барселона и Реал Мадрид за Нејмар, објави новинарот на Би-Би-Си, Гилем Балаг, кој одлично е упатен во случувањата во Ла Лига.

Последната понуда на Барселона изнесуваше 100 милиони  евра и Фелипе Кутињо, а како дел од договорот се споремуваше и Иван Ракитиќ, но ПСЖ смета дека тоа е премалку за да се откаже од незадоволната ѕвезда.

Реал Мадрид пак, освен одредена сума на пари ги понуди и Герет Бејл и Хамес Родригез. Но, челниците на ПСЖ бараа во договорот да биде вметнат и Винисиус Јуниор, но Реал го одби тој предлог по што пропадна и можноста за договор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close