После шест месеци укината вонредната состојба во Чешка, полицискиот час престана да важи

Отворање на пивниците во Чешка Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

После половина година, денеска на полноќ, престана да важи вонредната ситуација во Чешка, воведена поради пандемијата на ковид-19. Ноќниот полициски час е укинат и Чесите можат слободно да се движат надвор од областите во кои живеат.

Дел од учениците денеска се вратија во училиштата. Започна нивното редовно тестирање со антигенски тестови, отворени се уште некои видови продавници, како што се продавници со детска облека и обувки и книжарници, а ограничен број посетители можат да ги посетат зоолошките градини и ботаничките градини.

Новиот министер за здравство Питер Аренбергер повика Владата да се откаже од намерата да се зголеми бројот на лица кои смеат да се дружат на отворено. Тој бара да остане во сила забрана за собир на повеќе од две лица, наместо предлогот за 20 лица на отворено и 10 во затворен простор.

На отворено, освен надвор од населбите, хируршките заштитни маски се уште се задолжителни, а во продавниците, институциите и јавниот превоз, можат да се носат само маски од нивото на заштита на FFP2.

Во текот на вчерашниот ден беа евидентирани 976 новоинфицирани лица, што е најмалку од септември минатата година. Во екот на третиот бран на пандемијата, беа хоспитализирани околу 8.000 луѓе, додека бројот на пациенти со тешки симптоми на интензивна нега и респиратори сега е намален на 1.157, што е најмал во последните два месеци. Во моментов на лекување во болниците се вкупно 5.070 пациенти со Ковид-19.

Сепак Чешка и натаму го држи неславниот рекорд според број на починати на милион жители во светот, а од почетокот на пандемијата заразени се вкупно 1,58 милиони луѓе, а починаа 27.981 лице, покажуваат податоците на чешкото Министерство за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот