После месец дена во изолација со поранешната сопруга, Брус Вилис конечно во прегратките на сопругата Ема! (ФОТО)

Брус Вилис со семејството / Instagram

Кога кон почетокот на април отпатува на својот некогашен ранч во Ајдахо, кој го дели со поранешната сопруга Деми Мур, за таму да го помине карантинот, Брус Вилис не знаеше што би можело да го очекува. После неколку дена на имотот требаше да му се придружи и сегашната сопруга Ема Хеминг и нивните две ќеркички, но тоа не се случи.

Поради несреќниот случај во паркот кога една од нивните ќерки пронашла користена игла и се прободела, после што завршила на ургентно во болница. Новото семејство на Брус остана во Лос Анџелес одалечено од него скоро 1500 километри, бидејќи патувањата низ САД во тој момент веќе беа строго забранети. За тоа време Брус се посвети на своите постари ќерки кои ги има од бракот со Деми Мур и уште еднаш докажа колку добар пријател е со поранешната сопруга.

View this post on Instagram

Family bonding ?

A post shared by Demi Moore (@demimoore) on

Но, сега кога мерките поради коронавирусот попуштија, на ранчот конечно им се придружи и Ема со 8-годишната Мејбл и 5-годишната Евелин. Изгледа дека ова големо семејство се соедини на време за да може заедно да го прослави 6-от роденден на Евелин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот