Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Поскапеа дел од цигарите од 5 до 10 денари, ќе поскапат и во јули
Дел од цигарите во продавниците поскапеа од 5 до 10 денари. Така цигарите „жаде“ и „лаки страјк“ од 95 денари за кутија, сега се продаваат по 100 денари, а цената на „ротманс“ се зголеми од 100 на 110 денари.
Препорачано
Дистрибутерите на цигари велат дека зголемувањето на цените на домашниот пазар се должи на тоа што производителите ги зголемиле цените.
– Цигарите со кои ние работиме поскапеа 5 денари, како резултата на зголемената цена од добавувачите и ова поскапување не се должи на зголемена акциза, таква нова корекција може да се очекува во јули – велат од „Еуротабак“.
Според Законот за акцизи, акците за цигарите постепено се зголемуват во периодот од 2013 година до 2023 година. Акцизата на цигари сега изнесува 2,453 денари по парче (тежина по парче е просечната тежина на 1.000 парчиња без филтер и додаток) и 9 проценти од малопродажната цена по кутија.
На 1 јули, ќе има ново зголемување на цените на сите цигари, и тоа ќе биде резултат на зголемувањето на акцизата.
„Од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година стапките на наспецифичната и на минималната акциза на цигарите се зголемуваат за 0,20 денари по парче на 1 јули во секоја година“, информират од Министерството за финансии.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
23мин
-
26мин
-
27мин
-
31мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5