Посебен сообраќен режим поради протестот на МПЦ-ОА

Соборен храм Свети Климент Охридски / Фото: Слободен печат.
Соборен храм Свети Климент Охридски / Фото: Слободен печат.

Поради одржување на протест Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, информираат од МВР.

Почнувајќи од 17:00 часот, па сѐ до завршување на протестот за сообраќај ќе бидат затворени следните крстосници: бул.„Партизански одреди” со бул.„ВМРО” во правец кон Карпош, бул.„Партизански одреди” со ул.„Франлкин Рузвелт” во правец кон Центар, бул.„Илинден” со бул.„Св.Климент Охридски” во правец кон Соборниот храм и бул.„Св.Климент Охридски” со ул.„Димитрије Чупоски” во правец кон Соборниот храм, информира Министерството.

Од МВР апелираат до граѓаните да се почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот