Посебен режим на сообраќај поради концертот на Чолиќ

Во сабота со почеток во 20 часот на стадионот „Тодор Проески“ ќе се одржи концерт на пејачот Здравко Чолиќ. Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот во периодот од 18 до 23 часот со периодично пренасочување на сообраќајот на булевар Илинден, улица Аминта 3-ти и улица Наум Наумовски Борче. Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот