Португалскиот претседател (71) помогна во спасувањето на две жени на море (ВИДЕО)

Претседателот разговарал со новинарите на плажата Праја до Алвор, откако им помогнал на жените во неволја. Снимен е како плива до нив за да им помогне.

Претседателот на Португалија Марсело Ребело де Соуса (71) помогнал при спасувањето на две жени чиј кајак се превртел во покраината Алгарве, објави Би Би Си.

На фотографијата се гледа како претседателот плива кон жените кои се однесени од морските струи.

Подоцна на новинарите им рекол дека струите ги одвлекле од плажата.

Претседателот Ребело де Соуса моментално е на одмор во јужната покраина Алгарве, со што го помага португалскиот туризам.

Економијата на Португалија многу зависи од туристичкиот сектор кој е силно погоден од пандемијата на коронавирус.

Прочитајте и...  Меморандум за соработка помеѓу РСБСП и Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Србија

Претседателот разговарал со новинарите на плажата Праја до Алвор, откако им помогнал на жените во неволја. Снимен е како плива до нив за да им помогне.

До нив претходно стигнал маж кој се обидел да ја заврти кајакот, а на помош пристигнало и лице на џет-ски, наведува Би Би Си.

Поврзани вести

Црн вторник за Албанија, 7 починати и нови 284 заразени од коронавирус

Илинка Иљоска

Нови 628 случаи на коронавирус, 15 лица починаа, 531 се оздравени

Слободен печат

И чеченскиот лидер Кадиров со обвинување за Макрон: Tој само го разгорува огнот, наместо да го гасне

Илинка Иљоска

Сите заклучоци од денешната седница на Владата

Слободен печат

Шефот на француската дипломатија: Повиците за бојкот на француските производи се ограничени

Илинка Иљоска

Дуел на ранети лавови

Слободен печат

Остави Коментар