Португалија за првпат враќа археолошки богатства украдени од Мексико
Во значаен чин на културна соработка, властите во Португалија формално вратија три предхиспански археолошки предмети во Мексико, што е првпат да врати културно наследство на латиноамериканската земја.
Препорачано
Делата, кои претставуваат различни цивилизации и периоди од античка Месоамерика, беа предадени на мексиканската амбасада во Лисабон на 12 февруари 2026 година и наскоро ќе бидат испратени преку дипломатска пошта пренесува „Археолоџи магазин“.
– Ова е прво враќање на претхиспанско археолошко наследство од Португалија во Мексико и е одраз на институционалната соработка и заедничката посветеност на борбата против нелегалната трговија со културни добра – се вели во соопштението на судската полиција на Португалија.
– Вратените предмети – женска фигура од културата на западно Мексико, поврзана со ритуали за плодност; мајански полихромен сад од класичниот период и запотечка урна што го претставува богот Коси – се издвојуваат по својата историска, естетска и симболична вредност. Фактот дека тие биле пронајдени и вратени од судската полиција го олеснува реконструкцијата на социјалните и религиозните контексти што се од суштинско значење за историјата на Мексико – се додава во соопштението.


