Породилиште во Њујорк времено затворено – персоналот замина поради обврската за вакцинација

бебе болница
Бебе во болница / Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Една болница во Њујорк привремено сопре со породувања поради преголемиот број откази на вработени во породилиштето. Бранот откази следуваше откако сојузната држава воведе задолжителна вакцинација на здравствените работници, објави Си-ен-ен.

Општата болница на Округот Ливес во Лоувил по 24 септември престанува со породувања, потврди извршниот директор на болницата Џералд Кавер.

-Не можеме со сигурност да ветиме дека ќе вработиме доволно луѓе по овој датум. Бројот на откази не ни остави друг избор освен работата на породилиштето времено да ја прекинеме. Се надевам дека Одделот за здравство ќе ни помогне во оваа ситуација, рече Кавер на прес конференција.

Откако гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, нареди сите здравствени работници да примат барем една доза вакцина против коронавирус до 27 септември, 30 здравствени работници си дадоа отказ во оваа болница.

Директорот на болницата соопшти дека вработените кои си дале отказ или се отпиштени поради вакцинален статус нема да имаат право на надомест за невработени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот