Поранешниот претседател на Франција Франсоа Оланд конечно на меден месец: Парот ужива на Корзика

Фото: Профимедиа

Поранешниот претседател на Франција Франсоа Оланд и неговата сопруга – актерката Жули Гаје заминаа на меден месец. Фотографите ги фотографираа на медитеранскиот остров Корзика, каде се држеа за раце и уживаа во сончевиот ден. Она што не им недостасуваше на папараците е изразот на љубов на нивните лица.

 

View this post on Instagram
сце

 

A post shared by Laha Magazine – مجلة لها (@lahamag)

Да потсетиме, поранешниот претседател беше во центарот на скандал во 2014 година кога ја изневеруваше првата дама на Франција Валери Трирвејлер со нејзиниот тогашен љубовник, а сега неговата сопруга – актерката Џули. Француските таблоиди тогаш пишуваа дека тој се гледа со актерката во тајност, но на тоа му дојде крајот во 2014 година кога бракот „пукна“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Presley NK (@nsolanikorogo)


На почетокот на 2014 година во специјално издание на магазинот „Клозер“, на седум страници се пишуваше за врската на францускиот претседател со актерката Жули Гаје, проследено со папарацо фотографии на кои тешко може да се препознае Оланд, под наслов „Франсоа Оланд и Жули Гаје – Тајната љубов на претседателот“.

Фото: Профимедиа

Според списанието, кое се занимава со приватноста на познатите личности, околу Нова година (2013-2014 година) тогашниот претседател на Франција со кацига на главата, со својот скутер бил пред домот на актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Doingbuzz.com (@doingbuzz)

Во весникот се опфаќа и темата за „безбедноста“ на претседателот, кој при посети на својата сакана, а денес веќе и официјална сопруга е придружен од само еден телохранител, со цел тајните средби на Франсоа и Жули да останат незбалежани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Apex News France (@apexnewsfrance)

По веста на магазинот „Клозер“ тогаш претседател Оланд „остро ја осуди повредата на почитувањето на приватниот живот, на кој тој има право, како и секој граѓанин“, а најави и дека ќе го тужи магазинот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот