Порака од екипата на 1ТВ: Се надеваме дека ова не е одјава, туку свеж почеток за рестартирање на телевизијата

Фото: 1ТВ

Телевизиската екипа на 1ТВ денеска го одржа последниот Дневник пред заминување на принуден одмор, а потоа направија групна фотографија и објавија соопштение.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Вечерва, 24.07.2019, можеби беше и последниот Дневник кој го гледавте на 1ТВ. Најголемиот удар кој новинарството може да го доживее е згаснување на еден медиум. Згаснување на јавен простор, за што веруваме дека никому не оди во прилог, особено не на државата која е пред портите на НАТО и ЕУ, односно највисокото ниво на демократски вредности.

Денеска, исправени пред предизвикот на овие тешки две недели за телевизијата, соочени сме дури и во вакви услови да не отстапиме од објективно и професионално известување. Тимот на 1ТВ ги почитува сите новинарски стандарди и известува непристрасно. Гледачите беа сведоци дека 1ТВ ги изнесе сите информации во јавноста, дури и во услови кога иднината на телевизијата е загрозена. Сепак, случувањата поврзани со Бојан Јовановски, влијаат и на медиумот“, се наведува во обраќањето од телевизијата.

„Да се надеваме, дека ова не е одјава, туку свеж почеток за рестартирање на 1ТВ“, нагласуваат од телевизијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот