Новинарите и другите вработени во 1ТВ од денеска на принуден одмор

Вечерва ќе го гледаме последното издание на Дневникот на 1ТВ, бидејќи новинарите и другите вработени на оваа телевизија заминуваат на принуден одмор, информира Независен.

Новинарите и другите вработени од 1 ТВ заминуваат на колективен, принуден одмор, а вечерва ќе се емитува последното издание на Дневникот на телевизијата.

Колективниот одмор официјално почнува од денеска но вработените дошле за последното издание на вестите.

Засега, неизвесно е дали понатаму ќе има други информативни изданија. Вработените што останаа во телевизијата остануваат во работен однос, но после 15 август ќе се знае дали ќе ја земат јулската плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот