Поради пандемијата помалку туристи во август во Албанија

epa06300312 A general view of the city as people enjoy at the beach in Himara, Albania, 13 August 2017 (Issued on 31 October 2017). The municipality of Himara decided to knock down houses belonging to Greek minority citizens in the centre of the city and tensions between citizens and authorities are increasing. Families were given a five-day notice on 18 October, to evacuate their homes, which are slated for demolition as part of an urban regeneration plan that critics have denounced as unconstitutional. EPA-EFE/MALTON DIBRA

Рестриктивните мерки против ширењето на коронавирусот албанскиот туристички сектор го доведоа до целосен колапс,констатира Ора њуз, повикувајќи се на податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ.

Според ИНСТАТ во август приливот на албански и странски државјани се намалил за 62,5 отсто во споредба со август минатата година.

И покрај ограничувањата, повеќе од 310.000 граѓани влегле во земјата, при што најголемиот број од оние што ја избрале Албанија се граѓаните од Косово.

-Ограничувањето на движењата поради пандемијата со Ковид-19 услови тешка состојба за туризмот во земјата. Институтот за статистика соопшти дека во текот на август на албанска територија влегле 846.973 албански (емигранти) и странски државјани, што е пад од 62,5 отсто во споредба со август 2019 година, пренесува Ора њуз.

Додава дека косовските граѓани биле „најверни туристи како и секоја година” што претставуваат околу 62 отсто од вкупниот број посетители. Сепак и кај косовските туристи се бележи пад од 54,4 отсто во споредба со август минатата година

И покрај ограничувањата за движење на албанските граѓани, во последниот месец 310.593 албански државјани патувале надвор од границите на земјата, но и таму се бележи пад од 57,2 отсто.

-Најчесто користен начин за патување во овој период е по копно, а многу помалку е користен воздушниот сообраќај. Кризата намногу се одрази на патувањата по море каде е забележано намалување од 85,1 отсто во споредба со август минатата година, наведува телевизијата.

Истиот извор посочува дека ситуацијата е уште подраматична во периодот јануари-август бидејќи приливот на странски државјани резултира со пад од 64,2 отсто, додека оној на албанските граѓани за околу 52 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот