Поради падот на цената нафтата девалвираа повеќе странски валути

Девалвацијата на рубљата и на некои странски валути како индиската рупија и канадскиот долар настапи откако се дозна дека наскоро нема да има слободни складишта за суровата нафта затоа што нема побарувачка за неа.

Падот на цената на нафтата на светските берзи обесцени некои валути како руската рубља, индиската рупија и канадскиот долар, јавија светските медиуми.

Американскот долар денеска чини 75 рубли за долар, додека едно евро чини 81.2 рубљи. Иако цената на руската нафта „Јуралс” не опадна така драстично како американската, рубљата сепак реагира на непостојаноста на нафтените пазари.

Девалвацијата на рубљата и на некои странски валути како индиската рупија и канадскиот долар настапи откако се дозна дека наскоро нема да има слободни складишта за суровата нафта затоа што нема побарувачка за неа.

Според некои економисти, зделката во рамките на ОПЕК+ склучена неодамна е неуспешна, бидејќи не може да ја регулира ситуацијата на светските пазари со нафта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот