Поради неможноста да најдат работа, зголемен интересот кај граѓаните за неформално образование (ВИДЕО)

По завршувањето на првиот уписен рок, резултатите покажуваат дека и оваа година, идните средношколци најголем интерес покажуваат за гимназиско образование. Сепак, сите кои не успеваат да ја реализираат својата кариера, се одлучуваат за неформално образование.

Љубица Трифунова Ѓорѓиева, менаџер и едукатор во Центар за едукации, Акт, во Скопски агол на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборува за интересот на граѓаните за неформално образование.

– Последниве години забележуваме се поголем интерес за нашите обуки. Тоа најмногу се должи на неможноста граѓаните да најдат работа по завршување на формалното образование, вели Трифунова-Ѓорѓиева.

Таа додава дека сертификатите се признати од МОН.

-Работиме со два типа дипломи. Сертификат кој го даваме како потврда за завршена обука, кој потоа се верификуваат во Министерство за образование и наука. Тоа значи призната државна диплома која се стекнува на тој начим што по завршување на обуката, се формира стручна комисија од центарот за образование на возрасни, пред која што се полага и теоретски и практичен дел. По сумирање на бодовите се добива диплома која што е призната насекаде, вели Трифунова-Ѓорѓиева.

За овие обуки се интересираат и возрасни лица, над 40 години, а најрано обука можат да посетуваат од 16 години.

– Овие обуки се краткотрајни и завршуваат за три месеци. Со цел учениците да го добијат потребното знаење и вештини, ние ги праќаме на пракса, кај наши соработници, вели Трифунова-Ѓорѓиева.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот