ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ: Сите баратели на азил во Португалија ќе станат постојани резиденти

Медицинско лице во Португалија / Фото: EPA-EFE/MANUEL DE ALMEIDA

Сите странци во Португалија кои побарале дозвола за останување во оваа земја ќе добијат статус на постојани резиденти почнувајќи од овој понеделник, па најрано сѐ до 1 јули, пишува „Ројтерс“.

Оваа мерка е донесена за во време на пандемијата на коронавирусот мигрантите да имаат пристап до јавните сервиси. Пријавените, вкучително и барателите на азил, мораат само да пружат доказ за барањето за да можат да го користат националниот здравствен систем, да имаат работни олеснувања, да можат да отворат банковни сметки и да склучуваат договори за наем.

– Не би било дозволено на луѓето да им биде ускратено правото на здравствените и јавни сервиси, бидејќи нивните барања сѐ уште не се процесуирани. Во овие невообичаени времиња, правата на мигрантите мораат да бидат загарантирани – рече Клаудиа Велосо, портпаролка на португалското МВР.

Инаку, во Португалија досега се пријавени 5.170 случаи на заразени со коронавирус, а 100 луѓе почнаа од последиците на Ковид-19. Властите врвот на заразата го очекуваат на крајот на мај.

Не е познато колку лица се во процес на барање на азил, но според официјални податоци од 2019 година во Португалија имало 580.000 мигранти, а на 135.000 им е одобрено останување во земјата. Најголем дел од нив доаѓаат од Бразил, а потоа следат мигранти и од Романија, Украина, Велика Британија и Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот