Поради генерална проба за самитот на ОБСЕ утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Сообраќаен режим
Фото: МВР

Утре од 9 до 12 часот, Скопје ќе биде под посебен сообраќаен режим поради одржување на генерална проба во врска со 30-тиот Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година во СРЦ „Борис Трајковски“ кој ќе започне од среда во Скопје.

Како што информира МВР, за сообраќај ќе бидат затворени следните улици: бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Љубљанска“ и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански Одреди“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот