Попоски го прозива Димитров за скандалот со приведениот дипломат

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски во статус на Фејсбук го критикува актуелниот шеф на дипломатијата Никола Димитров околу скандалот со македонскиот дипломат приведен во Србија. Попоски вели дека „реакцијата на Димитров била типично негова, дека не знаел и дека бил доцна информиран“.

„Типично за Димитров! Само тој е неупатен, не знаел, доцна му кажале, не сакал да си се меша во сопствените ингеренции и сите други му се криви до петто колено. Вака си има човекот истерано цела кариера“, напиша Попоски меѓу другото.

„А фактите се едноставни: целата ерменска афера е во негов мандат, ако сметал дека некој од вклучените не треба да биде каде е, можел веднаш да го реши проблемот, ако сакал да премести некој исто можел веднаш. Инаку Димитров менувал, враќал, поништувал конкурси, незаконски уназадувал, шиканирал куп луѓе во МНР, за што државата ја задолжил да исплаќа преку загубени судски спорови. Но на клучниот од аферата не му фали влакно од глава во текот на цело министерување на Димитров. Дури изгледа имал и време за слободни активности. Зошто Димитров не реагирал, ако како што пишува сега самиот бил запознат?“, додава Попоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот