ПОПЛАВИТЕ ОДНЕСОА 12 ЖИВОТИ ВО РУСИЈА: Путин нареди војската да тргне во спасување на луѓето (ВИДЕО)

Поплава /фото: МИА

Руската Влада соопшти дека 12 лица загинале, а девет се водат како исчезнати во поплавите што го погодија југоисточен Сибир.

Вицепремиерот Виталиј Мутко на владин состанок рече дека потрагата по исчезнати лица е во тек и оти 153 лица се хоспитализирани.

Поплавите следеа по обилните дождови кои погодија 55 градови и села во регионот Иркутск. Мутко информира дека четири села сé уште се отсечени, но оти имаат доволно храна и други неопходни намирници.

Според Министерството за вонредни ситуации, повеќе од 4.000 куќи биле поплавени.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ги посети поплавените области, и ѝ нареди на армијата да се вклучи во спасувачките операции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот