Помпео потврди продажба на Ф-35 ловци на ОАЕ
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска одобри продажба на Ф-35 ловци на Обединети Арапски Емирати, за 23.47 милијарди долари, по признавањето на Израел од страна на оваа блискоисточна земја.
Ловците од класа „стелт” се едни од најусовршените воени авиони во светот.
ОАЕ го доби оружјето во рамки на договорот со Администрацијата на Доналд Трамп земјата да го признае Израел. Признавањето се случи во септември.
-Историскиот договор за нормализација на односите со Израел, според договорите Абрахам, нуди неповторлива можност за позитивна трансфорација на стратегискиот пејзаж на земјата, изјави Помпео, додавајќи дека „нашите непријатели, посебно оние во Иран, го знаат ова и нема да запрат во нарушување на овој заеднички успех”.
Конгресот беше информиран за продажбата на авионите уште при крајот на октомври, и примена со недоумициа од демократите, кои изразија стравување дека тоа може да ја засили трката за вооружување во регионот. Конгресот има надлежност да ја блокира продажбата.
Извор:МИА