Помпео побара укинување на таксите за стоките од Србија

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, се сретна со претседателот на Косово, Хашим Тачи.

На средбата Помпео изјави дека очекува од Косово укинувањето на таксите за српските продукти и искористување на добриот моментум креиран после потпишувањето на документите за обновување на авионскиот и железничкиот сообраќај, како и за завршување на изградбата на автопатот Белград-Приштина.

Потпаролот на Државниот Стејт Департмент, Морган Ортагус, преку соопштение изјави дека секретарот Помпео на средбата во Вашингтон со претседателот на Косово, Хашим Тачи, го потврди силниот партнеритет помеѓу САД и Косово, и подршката за едно невзависно и суверено Косово.

-Секретарот Помпео исто така, ја истакна поддршката на САД за Специјалниот суд, чија работа е од витално значење за да се донесе правда за жртвите и да се зацврсти правната држава во Косово- се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот