Помпео најави дека е можно да се оствари состанок помеѓу Трамп и Рохани

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека претседателот Доналд Трамп би можел да се состане со иранскиот колега Хасан Рохани на претстојното Генерално собрание на ОН „без предуслови”.

Помпео го изјави тоа на прес-конференција најавувајќи наметнување нови санкции врз групи за кои САД сметаат дека се терористички, вклучително и Иранската револуционерна гарда.

Од аминистрацијата на Трамп најавија дека претседателот е подготвен за состанок без предуслови, но „ќе задржат кампања за максимален притисок”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот