Помош во прехранбени артикли добија над педесет семејства во Голо Брдо

Повеќе од педесeт семејства, кои се во најнеповолна социо-економска состојба од админстративните единици Требиште и Острени од Голо Брдо, добија помош во прехранбени артикли, брашно и средства за одржување на хигена.

-Станува збор за помош по иницијатива на Лефтер Ала, градоначалникот на Булќиза, каде што територијално припаѓаме. Ја донираа фирмите „AFAlbaniaGroup” „Дрини” и „Герти”. Опфатени се педесеттина семејства во двете админстративни единици, кои се во социјален ризик. Помошта е распределена според списокот што го подготвивме ние, а во неа беа вклучени вработени на општина Булќиза,се разбира со наша помош, изјави за МИА, Едмонд Османи, администратор на Требиште.

Во Требиште помошта е распредела завчера, а во Острени денеска откако патиштата беа пробени од снегот што вчера ги завеа селата од областа.

Прочитајте и...  Заев со честитки за Св. Кирил и Методиј и Рамазан Бајрам

Османи додаде дека според одлуката на албанската Влада, кориснициите на социјална помош а ги има над 200, за месец март и следните два месеца, ќе добиваат двојно поголем износ, кој до сега се движел од 50 евра па нагоре, во зависност од бројот на членови на домаќинство.

Корисниците на социјална помош, како и семејствата кои се нашле во потреба, поради состојбата со коронавриусот ќе бидат опфатени и со хуманитарната помош што ја распределува Владата.

Административната единица Требиште опфаќа шест, додека Острени дванаесет села, населени со Македонци.

Прочитај повеќе

Повторно раст на новозаболени од Ковид-19

МИА Агенција

Полициски час и денеска во државава

МИА Агенција

Сончево со мала облачност, попладне дожд

МИА Агенција

Кој е посилен од државата?

Чулев: СВР Струмица ги истражува донациите и дали лицата кои ги делеле ги почитувале мерките за Ковид-19

Слободен печат

Кумановци горди на двајцата доктори сограѓани беа дел од тимовите за трансплантација на срце и бубрези

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Протести во Минск против кандидатурата на Лукашенко за шести мандат

Слободен печат

Во Грција основните училишта и градинките се отвораат од 1 јуни

Слободен печат

Манчевски: Ако нема избори на 21 јуни, тогаш мора да се продолжи вонредната состојба

Слободен печат

Се слави во Чаир: Оро за време на полициски час? (ВИДЕО)

Слободен печат

Скоро пет и пол милиони лица заразени со Ковид-19

Слободен печат

Земјотрес го погоди Иран, најмалку 6 лица повредени

Слободен печат