Помалку „пау-пау“ за Нова година: МВР заплени 13.500 парчиња петарди на Бит пазар, приведено и лице од Студеничани

Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево заплени поголема количина на петарди на Бит пазар, пришто е приведено и едно лице.

– Денеска околу 13.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје го приведоа И.К. (27) од Студеничани, Скопје, бидејќи кај него беа пронајдени 13.525 парчиња пиротехнички средства. Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, се вели во дописот на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот