Полн „Енфилд“, 30 години чекање, Ливерпул требаше да слави титула! (ВИДЕО)

twitter/BBC Sport

Пандемијата на вирус Ковид-19 ја одложи радоста на „црвените“, и натаму нема точни датуми кога и како ќе продолжи Премиер лигата..

До прекинот на сезоната во најсилното англиско првенство играчите на менаџерот Јирген Клоп имаа 25 бодови предност во однос на второпласираниот Манчестер сити.

Полн „Енфилд“, трофеј во рацете на Џордан Хендерсон, ден кој навивачите го чекаа 30 години, така барем во среќни околности, ќе изгледаше 9 мај во Ливерпул.

Денеска требаше да се одигра претпоследното коло во Премиер лигата, последно во кое Ливерпул требаше да биде домаќин пред своите верни навивачи.

Можеби веројатно уште порано „редси“ ќе ја обезбедеа титулата, но дефинитивно шампионското славје ќе се славеше во текот на денешниот ден на дербито против Челзи.

Но, пандемијата на вирус Ковид-19 ја одложи радоста на „црвените“, и натаму нема точни датуми кога и како ќе продолжат возбудувањата во Премиер лигата. Последен пат во елитата Ливерпул беше шампион во 1990 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот