Политика во спортот, Украина му забрани на Мотор да игра во СХА лигата – Слободен печат
РакометСпорт

Политика во спортот, Украина му забрани на Мотор да игра во СХА лигата

Државата го стопира учеството на својот шампион во регионалното ракометно натпреварување бидејќи главниот спонзор е руска компанија.

Политиката се замеша во спортот, поточно во ракометот и го остави Мотор Запорожје без настап во СЕХА Лигата. Имено, Украина му забрани на шампионот во својата земја да настапува во регионалното натпреварување бидејќи главен спонзор е руската фирма Газпром.

Минатиот месец Мотор Запорожје потпиша договор со челниците на СЕХА лигата за учество во ова натпреварување но Украина не сака на своја територија да го рекламира рускиот нафтен гигант Газпром кој е главен спонзор.

„ Ракометната федерација на Украина не го поддржува настапот на Мотор во СЕХА Лигата. Ние го искажавме нашиот цврст став на раководството на тимот на Мотор дека на територијата на Украина не може да биде претставена организација со назив „Газпром“, бидејќи Парламентот и Владата имаат јасен став, а тој е „Газпром“ се наоѓа на црната листа на компании во Украина. Ракометната федерација на Украина ги исполнува сите закони во Украина, бидејќи има национален статус.  Ние не можеме да не ги почитуваме решенијата на власта, па затоа не ги ни разгледуваме можностите за појавување на СЕХА на територијата на Украина, ние сме против нивно рекламирање тука. Мотор не се консултираше со нас и не доби никаква потврда за учество во СЕХА“, стои во соопштението од Украинската ракометна федерација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close