Политичка сцена во Црна Гора: Ѓукановиќ ќе предложи мандатар до 23 октомври

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ има уставен рок од 30 дена од конституирање на парламентарно мнозинство за предлог на премиер. Од неговиот Кабинет соопштија дека претседателот ќе предложи мандатар до 23 октомври.

– Согласно Уставот, претседателот на Црна Гора ќе ги изврши предвидените процедури и ќе предложи мандатар за состав на влада во рок од 30 дена од денот на конституирање на Парламентот”, изјавија од кабинетот на Ѓукановиќ за црногорски медиуми.

Пратениците на новото парламентарно мнозинство (41) вчера го подржаа носителот на листата „За иднина на Црна Гора“, Здравко Кривокапиќ, за мандатар на новата влада.

Мандатарот ја објавува својата програма во Собранието и го предлага составот на владата. Собранието одлучува за програмата на мандатарот и за предлогот за состав на владата истовремено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот