Полицискиот час во Кенија продолжен уште 30 дена

Фото: EPA-EFE/ KIM LUDBROOK

Претседателот на Кенија, Ухуру Кенијата, го продолжи полицискиот час на уште 30 дена, а продажбата на алкохол во рестораните е забранета поради, како што рече, несовесно однесување на граѓаните додека расте бројот на заразени со новиот коронавирус.

Висок африкански службеник за здравство изјави пред неколку дена дека бројот на новозаразени лица во Кенија расте „многу, многу брзо”. Повеќе од 17.000 луѓе се заразени уште од почетокот на епидемијата.

Кенијата рече дека во Кдржавата, релативно ниската стапка на смртност (околу 1,6 проценти) им обезбедила на луѓето „лажна утеха дека тоа не е сериозен ризик по здравјето”.

Тој предупреди дека доколку дојде до голема криза поради вирусот, економијата, инвестициите и туризмот ќе бидат загрозени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот