Полициска акција во Северна Митровица, уапсени три лица

Косовската полиција во раните утрински часови презеде акција во Северна Митровица.

Заменик-директорот на полицијата за регионот на северот, Бесим Хоти, за Телеграфи изјавил дека преземената акцијата во Северна Митровица резултирала со апсење на три лица.

Хоти информираше дека уапсените лица се осомничени за вмешаност во грабеж.

-Полициската акција заврши и ја спроведе Регионалната полициска управа на северот. Приведени се три лица, осомничени за вмешаност во грабеж – рече Хоти.

Според истиот медиум и друга акција се спроведува во Северна Митровица, по наредба на Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот