Покренато обвинение против Трамп поради обид за менување на резултатите од изборите во 2020 година

Доналд Трамп / Фото: Melissa Sue Gerrits / Getty images / Profimedia

Големата порота во сојузната американска држава Џорџија денеска го обвини Доналд Трамп за обид да ги смени резултатите од изборите во САД во 2020 година, јавија британските меидуми.

Медиумите забележуваат дека ова е четврто обвинение поднесено против поранешниот американски претседател.

Тужбата, поднесена во Окружниот суд Фултон, од обвинителката Фани Вилис, може да ги продлабочи проблемите со правдата на Трамп, кој е водечки кандидат за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во 2024 година, додаваат британските медиуми.

Обвинителите поднесоа 11 обвиненија против Трамп и неговите соработници, вклучително и фалсификување и рекетирање од страна на организирана криминална група.

Обвиненија се покренати и против 10 соработници на Трамп, вклучувајќи ги и неговите поранешни адвокати Руди Џулијани и Џон Истман, и поранешниот шеф на кабинетот на Белата куќа, Марк Медоус.

Тужбата се темели на телефонски повик од 2 јануари 2021 година во кој Трамп го притиска највисокиот изборен функционер во државата Џорџија, Бред Рафенспергер, да „најде“ доволно гласови за да ја поништи неговата тесна изборна загуба во државата.

Рафенспергер одби да го стори тоа.

Четири дена подоцна, следеше бура во Капитол, во која гневните поддржувачи на Трамп се обидоа да ја спречат конгресната потврда за победата на Џо Бајден, потсетуваат британските медиуми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот