Покрај автомобили, VW ќе прави и електрични тротинети (ВИДЕО)

Германскиот автомобилскиот концерн „Volkswagen“ освојува нов параз и со кинеска стартап компанија има во план да произведува електрични тротинети, пишува германски „Welt“.

Станува збор за пазар на кој се насочени и други производители на автомобили, како што е „BMW“ кој веќе произведува ваков вид возила.

„Volkswagen“ сака да профитира од се поголемата популарност на електричните тротинети и да влезе на пазарот на „микромобилкоста“. Според информациите на „Welt“, „VW“ во производството на електрични тротинети влегува со кинеската стартап компанија „NIU“.

Тие сакаат заедно да го произведуваат моделот „Streetmate“, кој беше претставен на минатогодишниот саем за автомобили во Женева.

Електричниот тротинет достигнува брзина до 45 km/h и максимално ќе може да помине 60 km со полна батерија.

„VW“ има големи очекувања од влезот на пазарот на електрични тротинети, и се проценува дека до 2030 година пазарот на електрични превозни средства ќе достигне обем од околу 450 милијарди евра, од кои една третнина во Европа.

Што се однесува до нивниот партнер, „NIU“ е искусна компанија, затоа што станува збор за фирма која е основана пред пет години и која досега на купувачите им има испорачано 640.000 eлектрични тротинети. Во Кина, „NIU“ има удел на пазарот од околу 40 проценти.

Во Германија, како што потсетува „Welt“, се уште нема генерално одобрување за електричните тротинети, а за одобрението се расправаат сојузната држава и покраините.

Во другите земји, меѓу кои и САД, тротинетите на струја веќе официјално се одобрени и многу омилени кај граѓаните кои минуваат кратки релации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот