Погледнете како една мајка успева да го спаси нејзиното дете од сигурен пад од четврти спрат (ВИДЕО) - Слободен печат
ВестиПланета

Погледнете како една мајка успева да го спаси нејзиното дете од сигурен пад од четврти спрат (ВИДЕО)

Според објавеното видео, токму телефонот и го привлекол вниманието на мајката и недостасувало само една секунда, за нејзиниот син да и исчезне пред очите.

Безбедносните камери во една зграда во Колумбија забележале страшен момент, кога една мајка реагира навреме за да го спаси нејзиниот син од пад по скалите од четврти спрат од зграда.

На видеото се гледа како во еден момент, детето од љубопитност се приближува до заштитната ограда на скалите, на кои немало стакло и детето за малку ќе паднело при излегување од лифт, пренесува Телеграфи.

Според објавеното видео, токму телефонот и го привлекол вниманието на мајката и недостасувало само една секунда, за нејзиниот син да и исчезне пред очите.

Сепак, рефлексите на мајката биле доволно брзи за таа да го фати детето во последен момент, додека еден случаен минувач истрчал накај скалите за да се увери  дека детето нема да се повреди доколку падне од рацете на мајка си.

Ужасниот настан се случил во една зграда во Меделин, Колумбија, и не е познато дали детето претрпело некоја повреда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close