Погледнете го новиот тренинг центар на Ливерпул вреден 50 милиони фунти (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул од идниот месец ќе се преселат во нов, ултра модерен тренинг центар вреден околу 50 милиони евра.

Славниот тренинг центар на Ливерпул во Мелвуд кој е изграден благодарение на најголемата клупска легенда, Бил Шенкли, заминува во историјата.

Ливерпул планираше кон крајот на минатата година да се пресели во новиот тренинг центар но планивите ги одложи пандемијата на коронавирусот. „Црвените“ уште минатата година го продадоа Мелвуд за 10 милиони фунти, но се обезбедија да можат да го користат и оваа сезона во случај да дојде до непревдидливи околности како што се случи со пандемијата.


Според медиумите, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп даде зелено светло за промена на тренинг центарот среде сезона и тоа најверојатно ќе се случи за време на наредното собирање на репрезентациите на почетокот од ноември.
Тоа значи дека фудбалерите на Ливерпул последен пат во Мелвуд ќе тренираат пред големото дерби со Манчестер сити кое е закажано за 8. ноември.

Навистина го сакам Мелвуд, но фудбалот се менува. Не може да го избегнеме тоа и не може да останеме секогаш исти и да очекуваме да со носиме со другите клубови. Понекогаш мора да поставите стандарди, и добро е што сопствениците ни дадоа можност да направиме исчекор кон иднината. Пред 25 години Мевлуд постави одредено ниво но оттогаш многу работи се случија и се сменија – вели Јирген Клоп.


Изградбата на супер луксузниот тренинг центар во Киркби започна пред две години и речиси беше завршен во март година пред избивањето на пандемијата. Завршните работи продолжија во мај и комплесот сега е подготвен за фудбалерите на првиот тим, но и за комплетната младинска академија.

Комплексот во Киркби има 9.200 квадратни метри и вклучува две теретани, повеќе со природна и вештачка трева, сала за спортување, базен, простории за хидротерапија, апартмани за рехабилитација, а има и неколку ТВ-студија, сала за состаноци, за прес-конференции, канцеларии…

Легендарниот тренинг центар во Мелвуд ќе биде урнат со што ќе се избрише историја долга 60 години, и на неговото место ќе се изгради станбен комплекс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот