Погба промаши пенал за победа на Јунајтед (ВИДЕО) – Слободен печат
СпортФудбал

Погба промаши пенал за победа на Јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед на незгодното гостување на „Молину„ одигра само 1:1 во последниот натпревар од второто коло од Премиер лигата.

Манчестер јунајтед пропушти да слави на гостувањето кај Вулверхемптон, играјќи само 1:1. Трагичар на натгпреварот е Пол Погба кој го промаши пеналот, поточно Руи Патрисио го одбрани неговиот удар во 68. минута.

Манчестер јунајтед одлично го започлна натпреварот, а својата доминација ја круниса со голот на Ентони Марсијал во 27. минута.  Во второто полувреме, незгодниот тим на Вулверхемптон во 55. минута благодарение на фантастичниот гол на Рубен Невеш.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close