Поевтинува дизелот

бензин бензинска пумпа скопје
Бензинска станица во Скопје / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 отсто. Од ноќеска цените на дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат за 2 и пол денари за литар, додека цените на останатите нафтени деривати не се менуваат.

Дизелот ќе се продава за 87 денари за литар, додека екстра-лесното масло ќе може да се набави за 85 денари за литар. Еуросупер БС-95 и понатаму ќе чини 90,50 денари за литар и Еуросупер БС-98 останува со старата цена од 92,50 денари за литар.

Намалувањето на цените на дел од нафтените деривати е резултат на намалувањето на нивните цени на светските берзи, и тоа кај екстра лесното масло за 3,442 отсто и кај мазутот за 2,142 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,004 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот