Поетска антологија: Поезија од Наташа Сарџоска е објавена во САД

Песни од Наташа Сарџоска се застапени во светската антологија „Поети за човештвото: светот се лечи со мир“ кај издавачката куќа „Инер чајлд прес“ (Inner Child Press) објавена овој месец во Чикаго, во Соединетите Американски Држави. Во антологијата се застапени повеќе од сто поети од целиот свет.

Станува збор за четврта меѓународна објава на Сарџоска, по објавата на поетската книга „Крстна коска“ во Косово и во Италија, како и дел необјавени песни на шпански јазик во ревијата „Игитур“ во Мексико. Нејзини песни напишани на италијански јазик беа објавени и наградени во Италија кај „Гвида Едитори“ на конкурсот „Песна за Неапол“ во јануари годинава.

Поетските настапи на Сарџоска на саемите за книга во Торино и во Милано, како и промотивните настани за нејзината книга во Рим и во Болоња, се презакажани за октомври.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 27, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 17-20 април 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот