Поетесата Љубинка Донева е добитник на наградата „Даница Ручигај“ на ДПМ

Признанието „Даница Ручигај“ што Друштвото на писатели на Македонија го доделува за книга поезија објавена во тековната календарска година од поетеса-членка на асоцијацијата, годинава ѝ се доделува на Љубинка Донева за стихозбирката „Сезона на пелинот“.

Селекторката Марина Мијаковска во образложението за изборот истакнува: „Поезијата на Донева е сугестивна, згусната во поетските слики и претстави и е куса по форма… Пелинот е симбол за животот денес, стравот за егзистенцијата, болката од дистопијата и дисхармониите во светот. Пелинот е симбол, метафора, архетип на животните падови: смртта, болеста, тагата, очајот, немоќта … ’Сезоната на пелинот‘ е синтагма што ја засилува поетската функција и на живата поезија ѝ дава продолжен живот. Стихозбирката на Донева е горчлива наслада, медицински еликсир во полен и мед за раните нанесени на женското тело“.

Со наградата „Даница Ручигај“ се чествува името на македонската поетеса што трагично и прерано го загуби животот во скопскиот земјотрес и се поттикнува и валоризира поетското творештво на македонските писателки.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 105, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 13-14 ноември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот