Поделби во Комисијата и меѓу земјите-членки на ЕУ околу планот за запирање на помош за Палестинците

ЕК/ Фото архива

Обединетиот фронт на ЕУ за војната на Израел со Хамас веќе ги покажува своите први пукнатини, анализира „Политико“. 

Вчера, комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, објави дека Комисијата  ќе ги ревидира 691 милион евра помош за палестинската управа, а сите плаќања веднаш беа суспендирани. Неколку часа подоцна,  овој потег предизвика загриженост во целиот блок, највисокиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека Комисијата „нема да ги суспендира исплатите“ бидејќи „казнувањето на целиот палестински народ“ би  „наштетило врз  интересите на ЕУ во регионот и само дополнително ќе ги охрабри терористите“.

 

„Израел-Палестина е едно од прашања во ЕУ кое прави најголем раздор“, рече еден функционер на ЕУ, кој доби анонимност да зборува јавно. „Внатреевропските поделби за овој конфликт се речиси стари колку и самиот конфликт“.

Најголем спор е околу приливот на финансиска помош на ЕУ во регионот. Додека министрите за надворешни работи на ЕУ се подготвувале да се состанат, дошло до голем спор околу најавата на Комисијата за намалување на палестинската помош. Најавата на Вархеји за прекин на финансирањето се совпадна со израелскиот министер за одбрана што нареди „целосна опсада“ на Газа, прекинувајќи го снабдувањето со вода, храна и енергија на повеќе од 2 милиони луѓе на територијата контролирана од Хамас.

По најавата на Вархеји, Комисијата се бореше да разјасни кои делови од палестинската помош ќе бидат скратени. Еврокомесарот Јанез Ленарчич, кој е одговорен за управување со кризи, рече додека го осудува нападот на Хамас, хуманитарната помош на ЕУ за Палестинците на кои им е потребна „ќе продолжи се додека е потребно“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот