Данска/Франција EPA/Bo Amstrup DENMARK OUT

Почнува втората фаза на Европското првенство, дербито го играат Данска и Франција

Со натпреварите од групата „И“ денеска почнува втората фаза на Европското првенство во ракомет, која ќе се игра во данскиот Хернинг и шведскиот Малме.

Програмата во Хернинг започнува во 15:30 часот со дуелот меѓу Германија и Португалија, од 18:00 следува пресметката Шпанија – Норвешка, а вечерта ќе ја заокружи вистински спектакл, дербито меѓу домаќинот Данска и актуелниот европски шампион Франција, кои важат за главни фаворити за титулата.

Во втората фаза со по два пренесени бода влегуваат Португалија, Германија и Франција, додека без бодови останаа Шпанија, Норвешка и Данска, која во последното коло од првата фаза неочекувано беше поразена од Португалците.

Во групата „II“, пласман во вториот дел од натпреварувањето со максимален учинок избори селекцијата на Словенија. Заедно со неа од групата „Д“ понатаму мина и Швајцарија, додека од групата „Е“ се пласираа Шведска, која пренесе два бода и Хрватска. Во групата „Ф“ најуспешен беше Исланд, исто така со два пренесени бода и Унгарија.

Главната фаза, во која секоја репрезентација ќе одигра по четири натпревари, ќе трае до 28 јануари. Полуфиналните натпревари и мечот за петтото место се закажани за 30 јануари во Хернинг, каде што на 1 февруари ќе се одиграат и финалето и дуелот за третото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот