ПОЧНУВА НОВАТА СЕЗОНА: Во среда се отвора лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“

Фото: Принтскрин

Од оваа среда и официјално ќе се означи стартот на новата сезона на лизгалиштето во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Поради необично топлото време за овој период од годината, отворањето беше малку одложено, но од 4 декември љубителите на зимските спортови и рекреативното лизгање конечно ќе може да се забавуваат во своето омилено зимско катче.

Вистинскиот мраз, направен по светски стандарди, како и условите кои ги пружа лизгалиштето се идеални за и оваа зима посетителите да уживаат во некои од зимските спортови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот