Почна назначувањето на новата амбасадорка на САД во Северна Македонија

Процедурата за назначување на новата амбасадорка на САД во Северна Македонија, Кејт Мери Бирнс, започна денеска во Сенатот со нејзино сослушување пред Комитетот за надворешни работи, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Бирнс во ноември минатата година беше именувана од претседателот на САД за нова амбасадорка на САД во нашата земја, на местото на досегашниот амбасадор Џес Бејли.

Следната етапа е нејзино назначување од страна на горниот дом на американскиот Конгрес. Процедурата започнува со сослушување пред Комитетот за надворешни работи на Сенатот, а потоа назначувањето формално треба да биде изгласано во ова законодавно тело.

Бирнс е родена во сојузната држава Флорида. Таа е дипломат од кариера од Вишата служба за надворешни работи на Стејт департментот и има ранг на министер-советник.

Денеска во Комитетот за надворешни работи на Сенатотс беше сослушан и новименуваниот амбасадор на САД во Турција, Дејвид Мајкл Сатерфилд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот