Почина Луиџи Пикато, еден од авторите на култниот стрип „Дилан Дог“

Фото: lanuovaprovincia.it/

Еден од најпознатите италијански стрип-цртачи, Луиџи Пикато, кој 37 години беше меѓу авторите на стрипот „Дилан Дог“, почина на 69-годишна возраст, јавија италијанските медиуми.

Пикато е роден во Торино во 1954 година, а почнал да црта стрипови во 1970-тите. Тој ги напуштил студиите по медицина во 1977 година за целосно да се посвети на стрипот.

Уредникот Серџо Бонели го контактирал во 1986 година за да учествува во новиот проект „Дилан Дог“, за кој направил 47 албуми.

Пикато нацрта десетици приказни, 33 во редовните серии од „Дилан Дог“, не сметајќи ги специјалните, брзо станувајќи еден од најпопуларните и најистакнатите автори.

„Дилан Дог“ беше многу популарен во поранешна Југославија, а многумина љубители на стрипот и денес се сеќаваат на „детективот на невозможното“ – култен лик на италијанскиот стрип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот