Фил Кембел - Фото: Инстаграм/officialmotorhead

ФОТО | Почина легендарниот гитарист на „Моторхед“

Велшкиот гитарист Фил Кембел, долгогодишен член на британскиот хеви метал бенд  „Моторхед“, почина на 64 години, соопшти неговото семејство. Во објава на социјалните мрежи, семејството наведе дека музичарот мирно починал во петокот навечер по „долга и храбра борба“ на интензивна нега по комплицирана операција.

Семејството истакна дека Кембел бил посветен сопруг, татко и дедо, и дека неговата музика и спомените што ги оставил ќе живеат засекогаш.

 „Моторхед“ се прости од својот гитарист на Инстаграм, опишувајќи го како „исклучителен гитарист и музичар“ кој имал „Моторхед во вените“.

Фил Кембел – Фото: Инстаграм/officialmotorhead

Бендот е основан во 1975 година од басистот и вокалистот Леми Килмистер и стана еден од пионерите на британската хеви метал сцена со албуми како „Ace of Spades“ и „No Sleep ’til Hammersmith“.

Кембел се приклучи на бендот во 1984 година и остана член сè до распадот во 2015 година, по смртта на Леми. Тој беше втор најдолгогодишен член на групата по основачот.

По распадот на„Моторхед“ , Кембел продолжи да снима и да настапува со својот бенд „Phil Campbell and the Bastard Sons“, во кој настапуваа и неговите синови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот