Почина кавадарчанка со ковид-19 на пат кон скопска клиника

Почина 65-годишна кавадарчанка со ковид-19 на пат кон скопска клиника.

Како што изјави за МИА д-р Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог од кавадаречкиот Центар за јавно здравје, во последните 24 часа во Кавадарци се потврдени 11 позитивни случаи.

Новозаболените се на возраст од една до 61 година, од двата пола. Едно лице на возраст од 38 години е хоспитализирано на клиника во Скопје.

На Инфективното одделение при велешката Општа болница синоќа починаа две жени на 57 и 86 годишна возраст од Велес.

Тие се дванаесетта и тринаесетта жртва починати во велешката болница од почетокот на минатата недела. 

Како што информира д-р Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа болнца Велес, едната пациентка која почина синоќа е на 57 години со прекумерна телесна тежина и хипотиеоза примена во болницата на 25 октомври и со многу ниска сатурација на кислород, 86 годишната жена со хипертензија е примена на Инфективно одделение при велешката Општа болница на 19 октомври.

Моментално на Инфективното одделение при велешката Општа болница се хоспитализирани 41 пациент од кои 33 потврдени и осум сомнителни кои чекаат резултати од тест, а 13 пациенти се на кислородна поддршка.

Од почетокот на епидемијата на Ковид-19, во Велес и велешко досега починаа 29 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот