Почина Јаков Лазароски, универзитетски професор и претседател на Претседателството на ЦК на СКМ

По кратко боледување, денеска на 85-годишна возраст, почина Јаков Лазароски, универзитетски професор и претседател на Претседателството на Централниот комитет на СКМ од 1986 до 1989 година.

Д-р Јаков Лазароски е роден на 18 октомври 1936 во Октиси. Во неговата општествено-политичка кариера, во времето на социјализмот извршувал и други важни политички функции на сојузно, југословенско и републичко ниво. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Филозофскиот факултет во Белград, Србија. Од 1972 година како предавач, а потоа како и редовен професор, предавал предмети од областа на педагошката и социјалната психологија на Филозофскиот Факултет во Скопје.

Лазароски објавил над 70 научни трудови. Автор е и на книгите „Националната Приврзаност и Односот спрема други народи” и „Алтруистичко и Агресивно однесување”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот