Градоначалникот на Кисела Вода го отплатил речиси целиот долг кој го наследил во општината

Градоначалникот на Оштина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски за 24 вести вели дека општината ја наследил со огромен долг кој што  во моментот во најголем дел е сервисиран, а покрај тоа реализирал и 90 % од програмата и проектите кои што ја ветил пред граѓаните.

„ И покрај интервенција од владата од над милион евра евра, јас ја наследив Кисела Вода со над 3 милиони евра долг. Во моментов во Кисела Вода имаме околу 45-50 милиони долг, но има над 30 милиони на сметка. Што значи сервисиран е најголем дел од долгот имаме средства и да го покриеме остатокот тоа се тековни трошоци, што значи сме целосно оперативни имаме стабилен буџет, а од друга страна за две години имаме, јас и мојот тим над 90% реализација на она што сме го ветиле и што сум се обврзал да го реализирам пред граѓаните. А, дополнително има и една плејада на проекти кои што се реализирани а не биле ветени во кампањата“, истакна Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот